Шефот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, во кореспонденција со своите сонародници и посредници вели дека цивилните загуби во Појасот за време на војната меѓу Израел и Хамас се „неопходна жртва“ за палестинската кауза, објави Волстрит журнал (WSJ).
„Ги имаме Израелците таму каде што ги сакаме“, во написот се цитира неодамнешната порака на Синвар до претставниците на Хамас, кои сакаат да постигнат договор со катарските и египетските власти.
Во писмото до политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, откако тројца негови возрасни синови беа убиени во израелски воздушен напад, Синвар напиша дека нивната смрт и смртта на другите Палестинци „ќе внесат живот во вените на оваа нација и ќе ја донесат нејзина слава и чест“.
Друг цитат се однесува на разговорите направени од политичкото раководство на Хамас во декември, на кои се разговараше за планот за повоена Газа и можно помирување со другите палестински фракции, без консултации со Синвар. Во писмото испратено до водачите на терористичките групи, тој ги нарече овие обиди „срамни“.