![niksa-nikola-naumoski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/niksa-nikola-naumoski.jpg?resize=600%2C400&ssl=1)
Шефот на кабинетот на Град Скопје, Никола Наумоски, на Твитер напиша дека великанот на македонската драматургија Горан Стефановски е националист и гастербајтер, којшто морал да се докажува дека е постар и побогат од своите домаќини.
„Национализам. Ама здрав. Својствен за гастербајтер што мора да се докаже дека е постар и побогат од своите домаќини. Полн спорнк историски факти” – напиша Наумоски.
Тој алудираше на познатата изрека на Горан Стефановски, за која тврди дека изобилува со спорни историски факти: „Не можете вие да барате од мене да не се чувствувам како дел на најдлабокиот и најстар свет, кога Хераклеја ми е дома, кога Охрид ми е дома, кога Виа Игнација, единствениот автопат што постоел во Европа меѓу 5 и 15 век минувал покрај куќата на баба ми во Битола. Не може баш сè да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“.
На ваквата негова објава остро реагираа твитерџиите, кои, меѓу другото, бараат од скопскиот градоначалник Петре Шилегов да го санкционира ваквото недолично однесување на Наумоски.
Во продолжение ви пренесуваме дел од коментарите под објавата на Наумоски: