Шефот на Мосад навести дека Израел стои зад убиството на Ал-Арури

По убиството на високиот челниј на палестинското движење Хамас во Либан, шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Давид Барнеа, навести вмешаност на Израел, се наведува во медиумски извештај.

„Секоја арапска мајка треба да знае дека ако нејзиниот син бил партнер во масакрот на 7-ми октомври, негова е крвта (на неговите сопствени раце), рече Барнеа во средата за време на погребот на поранешниот шеф на Мосад, Зви Замир, ивести весникот The Jerusalem Post.

Весникот смета дека коментарот на Барнеа е „јасен показател“ за израелската вмешаност во целeното убиство во југоситочното предградие на Бејрут, во кое беше убиен Салех ал-Арури, заменик шеф на политичката канцеларија на палестинското исламистичко движење Хамас, но Барнеа не го именувал.

Весникот наведува дека е изненадувачки што Барнеа излегол со ваква изјава, со оглед на тоа што Израел јавно не презеде одговорност за убиството.

Сепак, весникот шпекулира дека израелските власти „може да се чувствуваат посигурни, бидејќи досега нема одговор“ од либанското шиитско движење Хезболах, кое одржува тесни политички врски со Иран.

Ал-Арури загина во експлозија во главниот град на Либан во вторникот вечерта. Ова го прави највисокиот лидер на Хамас кој е убиен во насочен напад за време на војната во Појасто Газа.

Брзо се појавија сомневања дека Израел може да стои зад нападот изведен со беспилотно летало, според некои извори кое се забило во повеќектницата а според други кои истрелало најмалку три пороектила.

Убиениот ал-Арури беше висок функционер на полибирото на Хамас, но беше и еден од основачите на неговото воено крило Бригадите ал Касам, коишто всушност го изведоа неочекуваниот напад без преседан од 7-ми октомври во јужен Израел. САД минатата година понудија 5 милиони долари награда за информации кои ќе доведат до негово лоцирање, заробување или ликвидација. Израел го смета ал-Арури како главен организатор на палестинскиот отпор на окупираниот Западниот брег, другата палестинска енклава од каде потекнува ал-Арури.