Шефот на НАТО предупредува на заканите од руските врски со Кина, Иран и Северна Кореја

NATO Secretary General Mark Rutte meets with the President of France, Emmanuel Macron

Зголемената економска и воена соработка на Русија со Кина, Северна Кореја и Иран ги загрозува Европа, Индо-Пацификот и Северна Америка, тврдеше во неговото предупредување од вторникот генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Во очигледната порака до новата американска администрација додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја преземе функцијата, Руте ја истакна „важноста на трансатлантското единство и континуираната поддршка за Украина во нејзината војна со Русија“.

Пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Руте зборуваше за наводните опасности од севернокорејската, иранската и кинеската воена помош за Русија.

„Русија која работи заедно со Северна Кореја, Иран и Кина ја загрозува не само Европа, туку и мирот и безбедноста овде во Европа, туку и во Индо-Пацификот и Северна Америка“, тврдеше Руте без натамошно појаснување во што се состои таквата закана.

Трамп го критикуваше обемот на помошта од Западот за Киев и порачуваше повеќепати дека брзо ќе стави крај на конфликтот во Украина, но не прецизираше како ќе го направи тоа. Неговата победа на претседателските избори во САД ја зголеми загриженоста во Киев и другите европски престолнини за идната американска посветеност да воено да ја помога Украина, започнато пред превратот во 2014 година.

Русија напредува со најбрзо темпо од 2022 година, а Украина минатата седмица тврди дека дека ангажирала околу 11.000 севернокорејски војници наводно распоредени во рускиот регион Курск. И покрај сите такви тврдења и од челниците на САД и на НАТО, досега не се појавија никакви докази за присуството на севернокорејските војници во Русија, иако Москва ниту го негира, ниту го потврдува тоа, велејќи дека таквата соработка е во согласност со билатералниот договор за воена соработка, како и со меѓународното право.

Киев сега сака да се постави во најсилна позиција за какви и да се преговори, а тоа се однесува на обезбедување повеќе оружје и пружање отпор на боиштата кои се уриваат и по признанието на самите украински команданти. Висок украински функционер за Reuters изјавил дека следните четири до пет месеци ќе бидат клучни.

„Мораме повторно да се посветиме на одржување на текот на војната и да направиме повеќе отколку само да ја задржиме Украина во борбата“, рече Руте.

„Мораме да ги зголемиме влоговите за (рускиот претседател Владимир) Путин и неговите авторитарни закани со обезбедување на поддршката што и е потребна на Украина за да ја промени траекторијата на конфликтот“, додаде шефот на НАТО.

Макрон рече дека ќе продолжи да се залага за помош на Украина „сѐ додека е потребно“.

„Тоа е единствениот пат кон преговорите и сакам да бидам јасен, кога ќе дојде време, ништо не треба да се решава за Украина без Украинците и за Европа без Европејци“, рече францускиот претседател.