Шефот на ЏП Морган: Подгответе се за економски ураган

Извршниот директор на „JPMorgan Chase“, Џејми Димон предвидува економски „ураган“ предизвикан од војната во Украина, зголемени инфлациски притисоци и зголемување на каматните стапки на Федералните резерви на САД, пишува

Тој се изрази со метеоролошки речник во својот говор на конференцијата во Бернштајн.

-Во моментов е умерено сончево, работите изгледаат добро. Сите мислат дека Федералните резерви можат да се справат со ова. Сепак, на хоризонтот има ураган и се движи кон нас. Не знаеме дали е мало невреме или супербура. Подобро би било да се подготвите, вели Димон.