Првиот човек на полската полиција е ранет кога во неговиот кабинет во штабот во Варшава експлодирал подарокот кој го добил во текот на престојот на Украина, соопшти во четвртокот полското министерство за внатрешни работи,
Јарослав Шимчик подарокот го одбил од еден од челните лица на украинските служби кога престојувал во Украина на 11-ти и на 12-ти декември,
„Командантот е полесно ранет и од вчера е во болница“, соопшти денеска полското министерство за внатрешни работи прецизирајќи дека инцидентот се случил во средата,
Засега не е соопштено за каков подарок станува збор, ниту од кого Шимчик го добил.
Полската страна побарала релевантни објаснувања од украинските сили, се додава во соопштението.
Полските медиуми претходно објавија дека Шимчик е ранет во експлозија „во просторија во непосредна близина канцеларијата на главниот полициски командант“, и дека е оштетен таванот на просторијата.
Во инциденетот било рането граѓанско лице вработено во управата, но не му била потребна хоспитализација, додава полицијата.