Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го посети во саботата Египет, што претставува реткост за турските функционери и сигнал за затоплување на односите меѓу двете земји по речиси десетгодишната нетрпеливост.
Шефот на турската Чавушоглу во Каиро се сретна со египетскиот колега Самех Шукри кој разговорите ги оцени како „длабоки, транспарентни и искрени“. Саботните разговори покренаа „пат за повторно нормализирање на односите во сите сфери и започнување на нови фази“, рече Шукри.
Чавушоглу во саботата во Каиро рече дека во тек се подготовки за средба меѓу претседателите на двете земји, кои веројатно ќе се одржат по турските претседателски и парламентарни избори на 14-ти мај. Инаку, станува збор за прва посета на турски министер за надворешни работи по 11 години.
„Постои желба за развој на односите и елан на сите нивоа“, рече на заедничката прес конференција Чавушоглу.
Три седмици пред оваа средба, египетскиот министер за надворешни работи го посети разорениот од земјотресите југ на Грција и се сретна со Чавушоглу. Египет притоа ѝ пружи хуманитарна помош на Турција.
Односите меѓу Египет и Турција се заострија кон средината на 2013 година, откако војската која ја водеше тогашниот шеф на влијателниот безбедносен воен совет а сегашниот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, ја презема власта во Каиро откако исламистите подолг период и по масовните протести со многу жртви не испеаја да формираат влада. Власта тогаш ја загуби исламистичкиот претседател Мохамед Морси поддржан од движењето Муслиманско братство и радикалните исламистички партии, кој во Египет се врати од САД во 2011 година по бунтот со ткн Арапска пролет со кој беше соборен деценискиот претседател Хосни Мубарак.
Двете регионални сили, исто така, ги поддржуваа и спротиставените страни во Либија. Анкара ја поддржува владата во Триполи, а Каиро онаа во Бенгази, пред обидите да се постигне единствена власт во северноафриканската медитеранска земја.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и египетскиот Абдел Фатах ал-Сиси се ракуваа на Светското фудбалско првенство во Катар ланскиот ноември, што го демонстрираше приближувањето меѓу двете земји.