Шефот на украинското воено разузнавање тешко ранет, тврдат руски извори

Шефот на Главната разузнавачка управа (ГРУ) при украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов, е тешко ранет во руски ракетен напад врз седиштето на службата во главниот град Киев, пренесе во четвртокот агенцијата РИА повикувајќи се на неименуван извор во руските разузнавачки агенции.

„Според информации добиени од руските безбедносни сили од извори во украинската ГРУ, Кирил Буданов е ранет во руски напад утрото на 29-ти мај врз зградата на агенцијата на островот Рибалски во Киев. Руската ракета влетала во соседната канцеларија на онаа на Буданов“, го цитира агенцијата соговорникот.

Соговорникот на РИА прецизира дека Буданов бил извлечен од под урнатините, по што со хеликоптер бил евакуиран во воената база Жежув во Полска, а од таму со долетаниот од американската воздухопловна база во германски Рамштајн специјален авион од моделот „C-21A“ на број 84-0087 на воздушната медицинско-евакуациска ескадрила на американската воена авијација со кој бил однесен во Берлин, Записот за овој лет бил зачуван и во податоците на интернет мрежата за следење на летовите Flightaradar.

Според истиот соговорник чиишто тврдења не можат да се потврдат од независни извори, извори од украинското разузнавање наводно го навеле и точното место каде што Буданов е префрлен на лекување, односно болница на германската армија Бундесверот во Берлин на адресата „Шарнхорстштрасе“ бр. 13. Според него, шефот на украинското воено разузнавање во моментов е во тешка состојба.

Во редовниот дневен брифинг за борбените дејства на украинското боиште за 29-ти мај руското Министерство за одбрана извести за масивен ракетен напад врз украински аеродроми, командни центри и радарски позиции. Украинските интернет портали, повикувајќи се на жители на Киев, објавија тогаш дека проектили ја погодиле областа на островото Рибалски и оти таму набрзо имало неколку летови, а сообраќајот во областа бил целосно блокиран. Следниот ден поранешниот пратеник во украинскиот парламент Врховната рада, Илја Кива, на социјалните мрежи објави дека било уништено седиштето на военот разузнавање.

Агенцијата РИА наведува дека од 29-ти мај Буданов не се појавил досега во јавноста. Тој ден тој во 15,20 часот по локално време на Telegram каналот поставил видео во кое ѝ се заканува на Русија со брз одговор за ракетните напади. Агенцијата забележува дека податоците на Flightradar укажуваат дека авионот во кој наводно бил ранетиот Буданов полетал неколку часа претходно, но не е познато кога видеото е снимено.

Сѐ уште не е позната точно ниту судбината на врховниот командант на украинската армија, генералот Валериј Заслужни, за кој се шпекулира дека е тешко ранет во сличен руски ракетен напад  во април. Шпекулациите за здравствената состојба на врховниот командант на украинските вооружени сили се зголемија на почетокот од мај, кога шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, потврди дека Заслужни го откажал физичкото присуство на состанокот на организацијата на ниво на началници на генералштабови, па дури откажал да учествува и преку видео-конференција. Поради тоа, се појавија медиумските шпекулации дека тој можеби и загинал на фронтот. Сепак, заменичката на министерот за одбрана Ана Малјар брзо ги отфрли извештаите на наводното загинување на генералот Заслужни.

Во руските блогови и медиуми се шпекулира дека Заслужни, можно е да настрадал, при руско ракетирање на команден центар на украинските сили близу линијата на фронтот во источна Украина, кога наводно настрадале и најмалку десетина високи офицери од сојузничките земји. Според проруска хакерска група која се повикува на свои извори од украинската војска, Заслужни бил ранет во руски напад и оти врз него биле извршени неколку сложени оперативни зафати но дека нема да може да ја извршува повеќе должноста.