Врховниот суд на Јужна Кореја одобри шефот на разузнавачката агенција и советникот за национална безбедност да сведочат во процесот за импичмент на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол, изјави денеска портпаролот на судот.
Портпаролот рече дека директорот на јужнокорејската Национална разузнавачка служба (НИС) Чо Тае Јонг и советникот за национална безбедност Шин Вон-сик ќе мора да се појават на судењето на 11 и 13 февруари, јави Јонхап.
Чо и Шин се двајцата највисоки функционери додадени на списокот на сведоци за судењето на Јун, кое ќе одлучи дали тој ќе биде сменет или вратен на функцијата претседател поради краткорочното воведување на воена состојба на 3 декември.
Судот, исто така, му дозволи на поранешниот министер за внатрешни работи Ли Санг-мин да сведочи на судењето.
Судењето за импичмент на Јун започна на 27 декември, досега се одржани шест рочишта, вклучително и две прелиминарни, а сменетиот претседател прсуствуваше на последните две главни расправи. Следното рочиште е закажано за вторник.