Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во саботата за потребата од соработка со новата сириска администрација со цел уредно да се заврши периодот на транзиција, соопшти турското Министерство.
Во телефонскиот разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, исто така, му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) да создаде свое засолниште во Сирија, откри портпаролот на Министерството.
САД и другите западни земји ја поддржуваат со воена обука и оружје YPG, додека Турција која ги поддржува сунитските протурски сунитски групации обединети во Сириската национална армија (SNA), ја смета милицијата на сириските Курди за терористичка организација и дел од Работникчката партија на Курдистан (PKK) која повеќе од 40 години води сеционистичка војна со турската држава.
За време на повикот, Блинкен ја нагласил потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сиријците, а кој „ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивна и репрезентативна влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Блинкен и Фидан разговараа и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се вели во соопштението за печатот.
Претходно во саботата Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон, повикувајќи се на свои извори од Сирија објави дека се водат борби меѓу протурските сили и курдските милиции во северниот дел од земјата.
Според SOHR, Сириските демократски сили (SDF) предводени од курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) во текот на ноќта истрелале ракети врз позициите на Сириската национална армија (SNA) поддржани од Турција на браната Тишрин. Силите SNA одговори со силен оган врз курдски цели во близина на пограничниот град Кобане.