Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, а на компликациите предизвикани како последици на заразата со короанвирусот им подлегнаа 1.025 македонски граѓан, смртност која е меѓу најголемите во Европа. Но тоа за министерот за здравство Венко Филипче не е причина, барем, за загриженост, туку можност да се прави духовит на сметка на жртвите во системот со кој тој раководи.
Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 10.728, а Филипче, очигледно со огромна и веќе опасна доза на самобендисаност, својствена за личности кои својата кадарност ја темелат само на тапкањата по плеќи а не на заслужени пофалби од сопствената фела, тера мајтап преку социјалните мрежи. На Twitter Филипче вечерва објави видео кое го најави со смеење, со смајли.
Видеото требаше да претставува „духовите“ исмевање на тоа што опозицијата бара оставка од него. И не само што овој негов чекор е срамен и недостоен за еден министер кој во екот на епидемија која не умее да ја стави под контрола ситуацијата, тоа преставува бекрупулозна навреда за починатите во оваа здравствена криза и за нивните семејства.
Поради огромниот број на негативни коментари и осуди од страна на граѓаните, Филипче ја избриша оваа објава.
Сосема е сфатливо, кога Филипче смета на кампањата што ја спроведуваат партиските ботови на СДСМ по социјалните мрежи, како и партиски наклонетите медиуми, дека ќе нѐ убеди дека самите ние, односно граѓаните се виновни за ситуацијата во земјата. Непочитување односно отпор, дури и со изливи на гнев и жетоки инциденти кон наметнатите рестриктивни мерки има насекаде во светот, но на ниеден од политичарите во развиените демократски земји не му дојде напамет да ги обвинува сопствените граѓани за тоа.
Но македонскиот министер за здравство, очигледно има амбиција да стане телевизиска и ѕвезда на социјалните медиуми, на сметка на неговите колеги кои реално учествуваат во справувањето со епидемијата и беспоштедно се вложуваат во настојувањата да им се помогне на пациентите. На Филипче и неговата Комисија, талкајќи и задоценто препишувајќи мерки ту од ваму, ту од таму и без да согледаат како сврсисходно може да се пресликаат во домашните услови, ни на крај од умот не им паѓа барем да прифатат дел од одговорноста.
Напротив, токму со своите неуспешни папагласки повторувања кои потојано се побивани, Филипче иако е четири години на власт, а најмалку уште толку беше советник на својот претходник на министерската позиција, ќе ги обвини сите други за тоа што здравствениот систем не функционира и што според оцените и на меѓународни стучни фактори најлошо се справува со ситуацијата.
Со 21 починат од коронавирусот претходниот ден, Македонија од ден во ден се соочува со црни биланси како на заболени така и на починати од вирусот. Односно, последната бројка починати од коронавирусот на два милиона жители е еднаков како и оној кога Италија бележеше 630 смртни исходи дневно на своите над 60 милиони жители.
Но тоа за Филипче не е причина да признае дека здравството што тој го води четири години е пред колапс, докторите се преморени, медицински кадар има сѐ помалку. Но, она што го задржува на позицијата, се чини, се само тендерите и набавка на моментално работи кои не се потребни и натаму си течат.
Токму поради тоа ќе имаме слики како да станува збор, недај Боже, за природна катаклизма, кога пациенти ги примаат услугите надвор од болниците. За тоа посведочи и вчера објавеното видео, на кое се гледа дека како пациен со коронавирус прима инфузија во дворот на кичевската болница.
Тоа е според сѐ судејќи „новата реалност“ во македонското здравство што му ја нуди сегашниот министер. А Филипче, конечно, треба да сфати дека секаде во светот четиригодишен мандат е определен како период во кој може да се спроведат конкретни видливи нешта и оти тој е толку време на власт но резултати во неоден сегмент од здравството нема. И оттаму неоправдани се неговите – повторни папагалски повторувања и обиди за духовитост и досетливост – со споредби со минатото. И имаше доволно време да ги поправи досега, ако не чинеле, и Владата од којашто е неизоставен дел ги има историски највисоките Буџети.
Срамно, долно и ниско е тоа што Филипче наместо да спасува животи си објавува пародии и видеа со папагали, ова денес преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа значи дека на Филипче му е до забава а не до работа поради тоа што сме најлоши во Европа. Филипче станува министер за геноцид на Македонија, зошто над 1.000 мртви немало по втората светска војна во нашата земја. Во денот кога 42.6% од тестираните се заразени и кога има над 20 мртви гледаме колку сериозно министерот ја сваќа работата. Ова веќе не е ни за смеење, за плачење е. Оставката е задолжителен чин кога министерот сее геноцид Министерот Филипче е тој што се однесува како да е од друга планета. Според него власта добро се справува со корона епидемијата, а Македонија надмина 1000 починати, стапката на заразени од тестирани стигна до 42%, бројот на активни случаи е околу 10.000 лица, државата е црн рекордер како во регионот, така и во Европа, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека ова очигледно не е доволно Филипче да чувствува одговорност. Напротив тој вина бара кај опозицијата и граѓаните. Како тргнале тој и СДСМ ќе кажат дека Оливер Спасовски и Драги Рашковски се заразиле од корона вирусот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ?!
„Ова покажува дека власта живее во паралелен универзум. Тие се глуви на советите и мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ, но и од експертската јавност. Се прават слепи на хаосот во здравството кој настана поради нивното лошо менаџирање. Граѓаните чекаат со денови за корона тест, многу лица со акутни, хронични и тешки болести не добиваат нега и заштита, а болниците за основните потреби бараат донации. Очигледно Македонија освен со корона епидемија се соочува со сериозна епидемија на неспособност и неоснована арогантност каква што манифестираат Филипче и целокупната влада на Заев. Граѓани секој ден се повеќе заболуваат и умираат од епидемијата, а Филипче, Заев и владата велат дека успешно се справуваат. Навистина срамно. Оставката на Филипче веќе не е прашање на потреба, туку прашање на време“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.