Шеикот ал-Најхан во вторник во Москва ќе се сретне со Путин

Челникот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан во вторник ќе отпатува за Москва, каде што според најавите ќе се сретне со рускиот колега Владимир Путин, пренесуваат медиумите.

Ал-Нахјан ќе разговара со Путин за „пријателските односи меѓу ОАЕ и Русија со низа регионални и меѓународни прашања и работи од заеднички интерес“.

Веста за неговото патување следува по неколку дена откако Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нивните сокјузници независни големи производители предводени од Русија во картелот OPEC+ се согласи остро да го намали производството на нафта и покрај притисокот од страна на САД.

Одлуката на OPEC+ дополнително ги затегна односите меѓу Вашингтон и неговите сојузници од Заливот во Ријад и Абу Даби.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вложуваше напори да го спречи намалувањето на производството, поради изборите што следуваат, каде неговата Демократска партија може да ја загуби контролата врз Конгресот.