Додекаа повеќето луѓе пасионирано собираат поштенски марки, стрипови, монети, значки, салвети.., шеикот Мансур бин Зајед ал-Нахјан очигледно се решил да прави колекција од фудбалски клубови.
Имено, заменикот премиер на Обединетите Арапски Емирати, министер за претседателски работи и член на кралското семејство во Аби Даби, во понеделникот го купи белгискиот фудбалски второлигаш Ломел, кој е веќе негов деветти фудбалски клуб.
Пред 11 години го купи Манчестер Сити од тајландскиот тајкун Таксин Шинаватра за 220 милиони евра, вложувајќи во „Граѓаните“ околу 900 милиони евра. Пред седум години го основаше Њујорк Сити, а потоа го купи Мелбурн Сити, шпанска Жирона, јапонскиот клуб Јокохама Ф. Маринос, уругвајски Монтевидио Сити Торке, кинески Сечуан Џиуни и индиски Мумбаи Сити.
Шеикот Мансур без никакво сомнение е најбогатиот човек во светот на фудбалот, а неговото вкупно богатство се проценува на повеќе од 30 милијарди долари. Меѓутоа, тој не и најбогатиот и во светот на спортот.
Најбогат сопственик на некој спортски клуб е 64-годишниот Американец Стив Балмер. Сопственикот НБА кошаркарската екипа Лос Анџелес Клиперс е проценет на 52,7 милиони долари. Според магазинот Forbes тој е седмиот најбогат човек на планетата. Балмер од јануари 2000 до феруари 2014 година беше извршен директор на „Microsoft“. Клиперс ги купи во 2014 година за две милијарди долари, а неодамна за 400 милиони долари ја купи салата на градските ривали „Лејкерс Форум“, за да може во соседството да изгради нов дом за својот клуб.
На второто место е 63-годишниот Индиец Мукеш Дирубаи Амбани чијашто лична сопственост е проценета на 44,5 милијарди долари. Амбани е најбогатиот човек во Азија и 17-ти најбогат човек на светот од март 2020 година. Тој е извршен директор и најголем акционер на „Reliance Industries Ltd.“, а во негова сопственост е крикет клубот Мумбаи Индианс. Основач е и на Индиската фудбалска Суперлига.
На третата позиција е најбогатиот Канаѓанец и 26-ти на светот, 62-годишниот Дејвид Томсон, сопственик на хокеарската НХЛ екипа Винипег Џетс. Томсон стана претседател на информацискиот гигант „Thomson Reuters“ во 2006 година, по смртта на неговиот татко, а неговото богатство е проценето на 35 милијарди долари .
Шеикот Мансур е четврти на оваа листа со малку повеќе од 30 милјарди долари, а зад него е 83-годишниот Французин Франсоа Пинол. Основачот на групацијата за луксузни производи „Kering“ и на инвестициската компанија „Artemis“, од 1998 година е сопственик и на францускиот фудбалски клуб Ренс. Познат е и по тоа што по пожарот на парискиот храм Нотр Дам, неговото семејство Пинол вети 100 милиони евра во донации за раставрацијата на славната катедрала.
Австрискиот милијардер Дитрих Матешиц, 75-годишниот коoсновач и сопственик на 49 отсто од компанија за енергетски пијалаци „Red Bull“, во ноеври 2004 година го купи тимот на „Јагуар“ во Формула 1 и го преименуваше во „Ред Бул“. Кон крајот на 2004-та ја купи и тркачката патека А1-Ринг и ја преименуваше во Ред Бул Ринг. Во неговата сопственост се и фудбалските клубови РБ Салцбург, РБ Лајпцг и РБ Њујорк. Неговото лично богатство се проценува на 22,3 милијарди долари.
Следи 76-годишниот Германец Хас Платнер, коосновач на софтверската компанија SAP SE, и сопственик на НХЛ екипата САнк Хозе Шаркс. Спооред Forbes, Платнер е „тежок“ 14 милијарди долари.
Во првите десетмина е и 62-годишниот Американец Дејвид Тепер кој а е сопствеик на НФЛ екипата Каролина Пантерс и клубот во МЛС лигата Шарлот МЛС, која ќе започне да се натпреварува следната сезона. Неговото богаство се проценува на 12 милијарди долари.
На 12 милијарди долари е „проценет“ и рускиот бизнисмен Роман Абрамович, сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Богатството на сопственикот на Лос Анџелес Кингс кои се натпреваруваат во НХЛ лигата и на Лос Анџелес Галакси во фудбалската МЛС лига, Филип Аншутц, се проценува на 11,3 милијарди долари.
ТОП 10 сопственици на клубови
52,7 милијарди американски долари – Стив Балмер (САД) – ЛА Клиперс (НБА)
44,5 милијарди долари – Мукеш Амбан (Индија) – Мумбаи Индијанс (крикет)
35 милијарди долари – Дејвид Томсон (Канада) – Винипег Џетс (НХЛ)
31 милијарди долари – Шеик Мансур (Обединетите Арапски Емирати) – Манчестер Сити, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Жирона, Јокохама Ф. Маринос, Монтевидео Сити Торк, Сечуан Џуниу, Мумбаи Сити, Ломел (фудбал)
30 милијарди долари – Франсоа Пинол (Франсоа) – Рен (фудбал)
22,3 милијарди долари – Дитрих Матешиц (Австрија) – Ред Бул Расинг (Ф1), РБ Салцбург, РБ Лајпциг, РБ Њујорк (фудбал)
14 милијарди долари – Хасо Платнер (Германија) – Сан Хозе Шаркс (НХЛ)
12 милијарди американски долари – Дејвид Тепер (САД) – Каролина Пантерс (НФЛ), Шарлот (МЛС)
12 милијарди долари – Роман Абрамович (Русија) – Челзи (фудбал)
11,3 милијарди американски долари – Филип Аншуц (САД) – Лос Анџелес Кингс (НХЛ), Лос Анџелес Галакси (МЛС)