Во време на епидемија, здравствена и економска криза, кога сите приоритети на државата треба да се насочени кон зачувување на здравјето на граѓаните, но и кон амортизирање на економските ефекти кои секојдневно се одразуваат во осиромашениот семеен буџет, министерката за одбрана Радмила Шекеринска народните пари ги троши на чоколади од 15 милиони денари.
Имено, на 03.11.2020 е објавен оглас за јавна набавка:
Предмет на договорот за јавна набавка е: Чоколадо млечно за потребите на Армијата.
Проценета вредност без ДДВ: 12.304.762,00
Набавката со вклучен ДДВ ќе чини 14,8 милиони денари!