Шекеринска: Предметите на СЈО ќе имаат пресуди

Честитки до Метју Палмер за новата должност – специјален претставник на САД за Западен Балкан, напиша на својот профил на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска, објавувајќи заедничка фотографија со Палмер и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Стратешкиот форум во Блед.

„Ја имаме поддршката од САД да го продолжиме патот што го отворивме за своите граѓани – членство во НАТО и ЕУ. Се согласивме дека на тој пат нема место за калкулации со одговорноста. Предметите на СЈО ќе имаат пресуди, секој што се огрешил пред Законот ќе одговара, без исклучок“, напиша Шекеринска.