Зошто луѓето во партиите молчат или одбиваат да молчат јас не знам. Само знам дека јас никогаш не сум молчела. Зошто луѓето молчат – молчеливите ќе ги прашате. И тие до ден денес не ми се јасни. Но, имам едно образложение, а тоа е дека постојат таканаречените политички кујни. СДСМ повеќе години наназад ја нарекуваа и “византиска партија”, изјави во “Само интервју” министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со случувањето во СДСМ.
Според неа, тие “политички кујни” ни една добра работа на својата партија не и донеле. И тоа обично се луѓе кои нема да и донесат вредност во партијата, тоа што ќе бидат на интервјуа, на дуели па ќе бидат добри. Не само личен интерес, тие луѓе имаат и личен ангажман.
-Тие луѓе нема да седнат да ви пишуваат програма, нема да отидат кај граѓаните и да прашаат што им треба во улицата па да им помогнат локалната власт да биде подобра, ништо од овие типични партиски работи кои што јас многу ги ценам. Тоа се проблемите. Тие луѓе не ни шушкаат. Тие политички кујни служат да направат тема која не постои, за да после тоа се пласираат како “бранители” на партијата. Јас и во тимот кој учествувам и во тимот кој го предводам јас барам лојалност во тимот, но и давам. И затоа барам од секој член да ми ја каже вистината, па и да боли. Го зборувам тоа што го мислам. И само така партиите се подобри, рече министерката Шекеринска во “Само интервју”.