И додека власта ги крие блиските средби со Бојан Јовановски попознат како Боки 13 јавноста е се повеќе поголем сведок дека власта била дел од рекетирањето за кое Боки 13 алудира веќе со месеци.
На интернет се појави видео снимка на која се гледа како Радмила Шекеринска и Катица Јанева биле на гости во домот на Боки 13 иако многумина од истите овие функционери од власта предводена од СДСМ тврдеа дека него го познавале само од телевизија, објави Курир.
Инаку едно од најсомнителните случувања во целиот судски процес за случајот „Рекет“ беше тоа што ниту судот, ниту обвинителството не дозволија да се вештачи телефонот на Бојан Јовановски. Стручната јавност како и граѓаните беа фрапирани од ваквото однесување на правосудната власт, но денешното видео ја објаснува ситуацијата.
Се поставува прашањето што ли уште може да се најде во телефонот на Јовановски, со кој се ли бил близок Бојан Јовановски кој беше осуден на 9 години затвор за случајот „Рекет“.