Шекеринска: За две ипол години покажавме што е грижа за граѓаните

Морам да признаам дека ова што го гледам пред мене покажува дека граѓаните и граѓанките на Свети Николе се државата да продолжи на прав пат. За 2 ипол години покажавме што значи вистинска грижа за граѓаните, а доказ за тоа е преполниот Дом на култура во Свети Николе кој е премал да ги собере сите граѓани на Свети Николе кои се на прав пат. Ова го рече вечерва Радмила Шекеринска на трибина во Свети Николе.
– Ова се граѓани кои знаат дека со СДСМ државата тргна напред и парите се враќаат назад кај граѓаните –  истакна заменик претседателката Шекеринска на граѓанската трибина пред преполниот Дом на култура „Крсте П. Мисирков“ во Свети Николе.
Шекеринска потенцираше дека ваквата огромна поддршка на граѓаните е доказ за успешноста на политиките на СДСМ и мотив да продолжиме по прав пат.