![tornike sengelija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/tornike-sengelija.jpg?resize=671%2C510&ssl=1)
Капитенот на грузиската репрезентација Торнике Шенгелија тешко се повреди на натпреварот против репрезентацијата на Холандија (77:66) во рамките на квалификациите за Светското првенство 2023.
Во третата четвртина, кошаркарот на Виртус го повреди рамото како последица на пад и го напушти теренот, по што беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.
Голема е веројатноста Шенгелија да го пропушти претстојниот Евробаскет 2022 година кој ќе се игра од 1 до 18 септември.
Грузија ќе биде ко-домаќин на турнирот за прв пат во историјата.
Противници на Грузијците во А-групата ќе бидат Црна Гора, Шпанија, Бугарија, Белгија и Турција.