![sher momce 1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/11/sher-momce-1.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Пејачката Шер ја потврди врската со 40 години помладиот музички продуцент Александер Едвардсон истакнувајќи дека „љубовта не познава граници“.
Шер (76) истакнала дека 36 годишниот Едвардсон ја третира како кралица.
-Љубовта не познава математика, вели пејачката за разликата во годините.
Парот минатата недела беше виден заедно на вечера во познат ресторан, а како што пренесоа светските медиуми Александер бил воодушевен од новата девојка.
Додека возачот го паркирал возилото, тој и ја бакнувал раката на Шер и се смешкал, а кога излегле од автомобилот продолжиле да разменуваат нежности.