Легендарната Шер е видена како излегува од ресторан цврсто држејќи го Александар Едвардс за рака, потврдувајќи ги шпекулациите дека има нова љубов.
Шер јавно не изјави дека е во врска со музичкиот продуцент, но со него е видена на неколку приватни забави, а сега се видени и како излегуваат од ресторан додека се држат цврсто за раце.
Нејзините обожаватели беа шокирани бидејќи таа има 76 години, додека тој има 36.
Инаку, новото момче на пејачката Шер не е популарно во Холивуд, бидејќи важи за сериски прељубник.
Имено, Александар Едвардс излегуваше со многу ријалити ѕвезди, а има вонбрачни деца со Амбер Роуз, која некогаш се забавуваше со Канје Вест, а има и дете со Блек Чајна.