Шешељ бара да биде ослободен од затвор

Лидерот на Српската радикална странка (СРС), Воислав Шешељ побара од Хашкиот трибунал да ја прекине постапката против него и да го пушти на слобода или да ја врати постапката од почеток.

Како што е соопштено од Трибуналот, Шешељ побарал од Жалбеното собрание да ја поништи одлуката од 13-ти декември 2013 година за продолжување на судењето и да констатира кршење на неговите права на правично и брзо судење и да го пушти на слобода или новиот судија Мадиаје Нијанд да покрене нова постапка.

Шешељ неодамна беше опериран од рак на дебелото црево, а откриени му се и зголемени лимфни јазли кои се истотака оперирани. Биопсијата покажала дека ракот метастазирал и дека затоа е потребна хемотерапија. Шешељ, кој е обвинет за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување во Војводина, Хрватска и Босна и Херцеговина од 1991 до 1993 годин, е во притвор во Хаг од 2003-та година кога доброволно.