Во четвртокот вечерта во 20,30 часот минути, познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота бил прегазен на крстосницата од булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники
„Мајка Тереза“, дознава Слободен печат.
Патничкото моторно возило „БМВ Х6“, со скопски регистерски таблички, било управувано од шеснаесетгодишник кој без дозвола го возилото. Министерството за внатрешни работи го потврдува настанот.
Хирургот доктор Ѓорѓи Јота е на возраст од 58 години.
Неофицијално шеснаесетгодишникот сакал да избега, но полицијата го фатила во близина на трговскиот центар Рамстор.
Неофицијално секој ден во Скопје полицијата пронаоѓа барем по 20 лица што без возачки дозволи возат низ градот.