Шеснаесетгодишник со „мерцедес“ се судрил со шлепер на патот Струга-Ќафасан

Во петокот утрото околу 8 часот во Струга на магистрален пат А2 Струга-Ќафасан во близина на каменолом се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Албанија, и товарно моторно возило „сканија“ со приколка со беровски регистарски ознаки, управувано од 63-годишниот  Б.О од Велес, информира МВР.

По незгодата малолетниот возач е пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.