Шеснаесетгодишно девојче од тетовско почина од коронавирусот

Шеснаесетгодишното девојче од тетовското село Сиричино кое во тешка здравствена состојба поради Covid-19 беше хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје, ја изгубило битката со вирусот, дознава Алфа од извори на Клиниката.

За случајот со девојчето пред три дена информираше и директорката на клиниката про Кличничкиот центар „Мајка Тереза“, Милена Стевановиќ, која рече дека таа била хоспитализирана со многу тешка клиничка слика и нејзината состојба била критична.

Неофицијално, починатата немала претходни хронични заболувања.

Потврда за смртта на тинејџерката Алфа побарале и во Министерството за здравство. Оттаму само кусо одговориле дека повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден.