Најмалку шест цивили се убиени во неделата во напад на исламистичките бунтовници од движењето ал-Шабаба врз канцеларијата на градоначалникот на сомалиската престолнина Могадишу, соопшти тамошната полиција.
Бомбаш самоубиец детонирал силна експлозија којашто ги оштетила зградите близу канцеларијата, по што се слушале истрели од автоматско оружје, изјави портпаролот на сомалиската Садик Дубише, откако бил завршена четиричасовната престрелка меѓу напаѓачите и сомалиските безбедносни сили.
„Сите шест напаѓачи се убиени. Пет во престрелката со безбедносните сили а еден се разнел активирајќи експлозив. Во нападот загинаа и шест цивили, но ситуацијата се нормализираше“, изјави Дубише за новинарите,
На вработените во канцеларијата на градоначалникот и вкупно 16 ранети им е пружена медицинска помош, соопшти полицијата и додаде дека брзо бил блокиран квартот во кој се случил нападот.
Одговорноста за нападот ја презема радикалната исламистичка групација ал-Шабаб, објавувајќи дека неговите борци „успеаја да влезат во зградата откако го убија обезбедувањето“.
Нападот следи по седмицата во којашто се случија низа неколку смртоносни бунтовнички напади во Сомалија. Ал-Шабаб веќе 15 години се бори против слабата централна меѓународно призната влада и е одговорна е за напади и во соседните земји.
Исламистичката група ал-Шабаб (Движење на младите муџахедини), за која се претпоставува дека има меѓу 5 и 9.000 борци, владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају. Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија (AMISOM) во Сомалија so 20.000 војници на страна на владата во Могадиш.