Преспанското езеро од страната на Грција, беше потпишан Договорот од Преспа со кој се затвори спорот меѓу двете земји за името, по што Република Македонија како Република Северна Македонија влезе во НАТО, но не и во Европската унија, откако доби вето, најпрво од Франција, а потоа и од Бугарија.
Договорот беше потпишан од тогашната партија на власт СИРИЗА од грчка страна, и СДСМ од македонска страна, а го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас. На потпишувањето присуствуваа и посредникот во преговорите Метју Нимиц, екс комесарот за проширување Јоханес Хан и други високи меѓународни претставници на двете земји и од ЕУ.
Откако не успеа референдумот, Договорот беше ратификуван во Собранието осум месеци подоцна, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година.
Согласно договореното, Република Македонија се преименуваше во Република Северна Македонија, државјанството стана македонско/државјанин на Република Северна Македонија, а јазикот македонски.
Земјата стана 30-та членка на НАТО и (делумно) се отвори патот за членство во Европската Унија, а Северна Македонија, на југ, како што доста често се слушаше од двете страни, доби земја-пријател, но и сојузник.
На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот.
Договорот од Преспа повторно стана актуелен после промена на власта на претседателските и парламентарните избори. Новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова на заклетвата на 12 мај, кога го употреби името Македонија, а со оглед на тоа дека временски се поклопи со периодот кога кај јужниот сосед започнуваше предизборната кампања за европските избори, Договорот од Преспа се актуализираше во Грција и подолг период беше една од главните теми во земјата, на која во низа интервјуа и говори се осврнаа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозициската СИРИЗА Стефанос Каселакис, но и претставници на Владата во Атина.
Исто така и новите членови на Владата, како и новиот премиер Христијан Мицкоски најави дека нема да го употребува новото име, со што наиде на жестоки реакции од грчка страна.