Во албанската метропола,Тирана, нормално се одвива глаaсњето во сите 866 гласачки места, објави МИА.
Во единствениот избирачки список за Тирана запишани се 608.829 лица со право на глас, а својот глас треба да го дадат за еден од шестте кандидати.
На гласачкото ливче прв е независниот кандидат Ѓерѓи Бојаџи, по него е Сазан Гури, трет е кандидатот на десницата, демократот Халим Косова, по него е Димитар Мусли, петти на ливчето е Арбен Тафај и шести социјалистот Ерион Велиај,кандидат на лeвицата.
Иако има шест кандидати, главната битка ќе се води меѓу Велиај и Косова. Попознато име меѓу шестмината кандидати е она на Бојаџи, кој беше генерален дирекор на албанската електоркорпорација, КЕШ.
Халим Косова(61) по професија е гинеколог, додека Ерион Велиај(36) политички студии завршил во САД, а е еден од основачите на движењето „Мјафт“(Доста).
Инаку, изборите во Албанија ги набљудуваат три илјади набљудувачи, од нив 274 се од ОБСЕ-ОДИХР.