Шест лица од Чегране приведени за напад врз малолетник во Гостивар

Шест млади жители од гостиварското село Чегране, од кои двајца малолетници, се приведени во неделата малку по полноќ, откако биле пријавени дека претходната ноќ во Гостивар физички нападнале 17-годишник.

На 10.01.2021 во 00.30 часот во селото Чегране од полициски службеници од  Полициско одделение Чегране биле лишени од слобода И.А.(19), С.С.(19), М.М.(18), Б.М.(19) и двајца 17 годишни малолетници, сите од  Чегране, постапувајќи по претходна пријава на 09.01.2021 во 02.05 часот од 17 годишен малолетник од Гостивар дека на паркинг од угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од пријавените.

По докумeнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.