
Американската полиција уапси маж во близина на Хјустон, кој по семејна расправија убил шест луѓе, од кои четири деца.
Една тинејџерка е во критична состојба откако е погодена во глава, но успеала да го идентификува напаѓачот.
Полицијата пристигнала во куќата околу 18 часот по локално време, каде пронашла тела на три деца и двајца возрасни. Четвртото дете починало во болница.