Шест луѓе, вклучително и 17-годишна мајка со шестмесечно бебе, се убиени во понеделникот во куќа во местото Гошен во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија локалните власти, опишувајќи го нападот како намерен и нарекувајќи го „ужасен масакр“.
Шесте жртвите се убиени од огнено оружје, изјави за новинарите во понеделникот шерифот на округот Туларе, Мајк Будро. Додаде дека постојат најмалку двајца осомничени кои не се уапсени.
„Веруваме, исто така, дека не станува збор за случаен чин на насилство. Веруваме дека се работи за намерно целено семејство. Верувам дека во ова насилство се вклучени банди, како и дека е поврзано со потенцијални истраги за наркотици“, истакна Будро.
Според него, канцеларијата на шерифот на таа адреса минатата седмица спровела налози за претрес во врска со наркотици.
Властите реагирале во понеделникот рано утрото по локално време, откако биле пријавени повеќе истрели, како и дека жртвите биле пронајдени веднаш кога полицајците пристигнале на местото за злосторството. Некои биле пронајдени на улицата пред а некои во куќата.
Една жртвите била пронајдена ранета и сѐ уште жива кога пристигнале полицајците, но подоцна во болницата е прогласена мртва, прецизираше Будро, но не наведе дополнителни информации.
„Имам повеќе информации, но не сум слободен да дискутирам за нив во овој момент. Имаме потенцијални информации коишто, се надеваме, ќе доведат до потенцијалните осомничени“, рече Будро.