![Dimitrievski-27.12](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/Dimitrievski-27.12.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информира дека на денешната Седница, Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.
-Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби, потенцира Димитриевски.