Шест милиони денари од буџетот како помош за штетите од пожарите во Австралија

10.000 евакуирани пожари во Франција
10.000 евакуирани пожари во Франција

Владата денеска ја одржа редовната втора седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа.

На оваа седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2020 година, во висина од 6.000.000,00 денари, околу 97.000 евра, за помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија.

На денешната седница беа разгледани и усвоени програми за работа на повеќе министерства, јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост. Владата ја усвои Предлог – програмата за развој на туризмот на за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација во Република Македонија за тековната година.