Шест патики коишто Мајкл Џордан ги носеше на натпреварите во кои освојуваше титули во НБА лигата во текот на 1990-те се продадени за осум милиони долари на наддавање одржано во Њујорк, објави аукциската куќа Sotheby’s.
„Денешната рекордна цена платена за некои патики е само уште една почит кон најдобриот на сите времиња. Ова е навистина неспоредлив момент во историјата на аукциите, а продажбата на шесте шампионски патики веројатно нема да се повтори“, изјави Брам Вахтер, шеф одделот на Sotheby’s за модерни колекции.
Сепак, ова не е најскапиот сувенири од Џордан продаден на маддавање, дресот што го носеше на првиот натпревар од неговото последно финале во 1998 година беше продаден во септември 2022 година за 10,1 милиони долари.
За споредба, во декември минатата година, за вкупно 7,8 милиони долари беа продадени шест дресови што ги носеше Лионел Меси во текот на Светското првенство во Катар во 2022 година на патот кон освојување на светскиот шампионат.