![Suchtrupps im Lawinenkegel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/6352362414_BLD_Online.jpg?resize=696%2C328&ssl=1)
Силната лавина којашто во четвртокот се урна на скијачка патека во швајцарското одморалиште Андермат ја преживеале шесте затрупена скијачи.
Две лица со полесни повреди се спасени во операцијата на потрага и спасување, Другите четири лица се неповредени и исто така спасени или самите се извлекле од снегот. Сите шестмина се швајцарски државјани, соопшти полицијата.
Потрагата е прекината во четвртокот вечерта, откако било пребарано целото погодено подрачје и нема дојави дека има уште исчезнати. Лавината била долга 300 а широка 60 метри.
Истовремено во четвртокот три лавини го погодија и Анкогел, скијалиште во австриската покраина Корушка. Една од лавините се случила надвор од патеката и затрупала две лица кои се спуштале надвор од неа.
Според агенцијата APA, засега е пронајдено само едно лице,а се води потрага по уште петмина кои се пријавени како исчезнати. Во потрагата беа користени и два хеликоптера.
Четврто од петте нивоа на опасност од лавини е најавено прегласено од вторникот во западна Австрија. Заканата од големи лавини е над поголемиот број популарни ски центри во сојузната покраина Тирол.