Ноќта кон петокот, половина час по полноќ во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во три патнички моторни возила во подрумски простории од зграда на улицата „Ново Проектирана“ во Охрид.
Според пријавеното, станарите биле евакуирани, а шест од нив и еден пожарникар поради задушување од чад, се пренесени во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.