
На 01.08.2024 во времето од 01:50 до 04:00 часот полициски службеници од СВР Тетово, согласно изготвен план, спровеле акциска контрола во угостителски објект во гостиварско Чегране, сопственост на Б.Н.(42) од Чегране.
-При контролата поради нерегулиран престој приведени се шест странски државјанки (од Р.Србија и Р. Албанија) на возраст од 23 до 35 години, кои се обиделе да избегаат, но биле спречени во обидот, соопштија од МВР.
Лишен од слобода е и А.М.(29) од гостиварско Форино, кој работел како обезбедување во објектот, а сопственикот Б.Н. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. По документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци, наведуваат во соопштението од МВР.