За време на својот живот жената запознава многу мажи, но немаат сите моќ да остават добар впечаток. Многумина од нив жената не ги памти, но шест типови сигурно нема да ги избрише од глава.
Прва љубов
Интензивна, хипнотизира, руши се пред себе-тоа е првата љубов. Овој однос е посебен и не учи за љубовта повеќе од сите останати. Со партнерот растете и се развивате па откривате и поставувате критериуми.Без разлика што ве чека подоцна, со првиот партнер се дефинираат критериумите.
Партнер за заздравување
Тој најчесто се појавува по разделбата со првата љубов. По неколку години врска, останувате сами и време е за нов почеток. Тогаш настапува тој, раме за плачење подготвен да ве слуша.Таа врска не се развива во нешто трајно, но е одлична меѓуфаза за нова љубов. Во тој период е во ред да бидете сами и да се посветите на себе. Кога ќе сфатите што сакате од новата љубов, можете да продолжите понатаму.
Совршен во теорија
Тој едноставно е совршен. Барем теоретски. Одличен е со вашите пријатели, внимава на вас како на принцеза и свесни сте дека би бил одличен материјал за брак. Можеби е премногу добар, но недостасува една важна работа-хемијата. Ја нема. Најчесто жените излегуваат со таков партнер во надеж дека чувствата ќе им се променат, но како што поминува времето не се случува ништо.На крај сфаќаат дека не е во ред да се залажуваат и треба да ја завршат врската. Лекцијата од овој однос е дека љубовта не може да се форсира, ниту пак чувствата да се лажираат колку и да сакате.
Шармантен и арогантен
Овој партнер може да се појави во било која фаза во животот. Толку е интересен шти не е ни чудо што жените не можат да престанат да размислуваат за него. Неговиот шарм ќе ги спречи да го видат она што го гледаат сите останати, дека тој не е таков каков што се чини. Во тој случај најдобро е да се послуша советот на најблиските, сепак ви мислат најдобро.
Љубов од студентски денови
Првиот партнер на факултет е одлична подготовка за реалниот свет бидјеќи по првпат сте далеку од родителите и уживате во слободата. Но, кога врската ќе заврши станувате свесни за животот како возрасни и ќе научите да се носите со последиците од своите зрели одлуки.
Совршен партнер во мислите
Оваа љубов најчесто е неостварена, бидејќи тајмингот едноставно е погрешен. Со овој партнер чувствувате поврзаност и страст, но животните околности не допуштаат врска. Тој постанува се посовршен посебно во мислите, бидејќи немал можност да ве увери во спротивното.За жал и таа врска ќе заврши, но веројатно ви била потребна за полесно да го препознаете вистинскиот.