На сите ни е добро познато дека полиестерот е една од најнеудобните ткаенини и целосно треба да го избегнуваме за време на летните горештини, затоа што не „дише“ и ја задржува топлината. Но дали знаете кои ткаенини и материјали не го поттикнуваат потењето.
Еве попис на шест ткаенини со кои што летото ќе ви биде многу попријатно:
- Лен
Тоа е пријатна ткаенина која што слободно може да се нарече „вентилатор“ помеѓу ткаенините. Пропушта воздух до вашето тело и така го спречува потењето. Има само еден недостаток, мошне лесно се гужва, но тоа и онака воопшто не е важно додека траат горештините.
- Памук
Оваа ткаенина е непобедлив избор за жешките летни месеци. Тоа е една од ткаенините што најмногу пропуштаат воздух, не ја задржува топлината, ја впива влагата од телото и го активира нејзиното испарување.
- Кепер
Најчесто се произведува од памук или од негова мешавина и се смата за најдобра летна замена за трапер. Ако и додека траат летните горештини не отстапувате од долгите пантолони, тогаш изберете модели изработени од кепер затоа што во нив ќе се чувствувате попријатно.
- Вискоза
Едно од најпопуларните синтетички влана што настанува од остатоците на целулозните влакна и по хемиски состав доста е слично со памукот. Токму поради тоа вискозата е пријатна за носење додека траат горештините и го разладува телото.
- Свила
Тоа е природна ткаенина што „дише“ и која што е позната по тоа дека се прилагодува на температурите, па во зима ве грее, а во лето ве лади. Иако не го поттикнува потењето, мошне е тенка и мека па лесно се „лепи“ на испотената кожа.
- Шифон
Се изработува од различни мешавини, а кога е направен од памук и свила станува идеален материјал за летна облека. Најчесто се користи за изработка на фустани и кошули, затоа што е доста лефтерен.