Фискална консолидација, промена на функционирање на јавните претпријатија, индустријализација, вработувања, преговори во Брисел и борбра против корупцијата се првите мерки на новата влада на Александар Вучиќ сметаат српските стручњаци.Тој денеска ќе го добие мандатот за составување на Влада.
„На начинот на кој до сега живеевме, би можеле да преживееме уште една до две години.Колку е висок долгот од 1,4 милијарди кој мораме да го пополниме зборува податокот дека само десет отсто од платите во јавниот сектор изнесуваат 200 милиони евра, а десет отсто од пензиите 300 милиони,“ изјави Вучиќ.
Се најавуваат и сериозни промени во начините на раководење на јавните претпријатија, но и создавање на подобар инвестициски амбиент, како и борба против сивата економија.