Шест жртви во пад на два украински хеликоптера

Сите шестмина мажи кои биле дел од екипажите загинале во падот на два украински хеликоптери, според воени извори.

Хеликоптерите „Ми-8“ од засега непознати причини се урнале во близина на Краматорск, на истокот од Украимна, сооппшти портпаролот на украинското воено воздухопловство ноќта во средата.

Телата на загинатите е пронајдени во остатоците од уништените летала. Причината за несреќата се истражува.

Според извори блиски на војската, агенцијата DPA пренесува дека двата хеликоптера биле во мисија во вторникот, но оти не станува збор дека се соборени.

Според украинските портали и воени блогери, падот на хеликоптерите се случил во областа на Бахмут во вторникот, каде што дејствувала 18-та бригада на укранската армиска авијација, во чиј состав дејствувале уште и хеликоптери од моделите „М-24“ и „М-2“.

Руското Минситерство за одбрана во редовниот дневен брифинг за борбените дејствија на украинското боиште во средата објави дека претходниот ден руските сили соборител украински хеликопетр „Ми-8“ во Запорошката област, а претходно за соорено такво летало извести последен пат пред две седмици.