Шестгодишник убиен со огнено оружје по кавга на возачи во САД

Yellow crime scene tape stretches across the northbound lanes of the 55 freeway in Orange as police investigators walk the freeway looking for evidence following a shooting in which a child was shot in a car on Friday morning, May 21, 2021.(Photo by Mark Rightmire, Orange County Register/SCNG)

Шетходишно момченце е убиено во петокот од огнено оружје на автопат во американската сојузна држава Калифорнија по расправија меѓу неговата мајка и друг возач, известуваат локалните медиуми за најновиот ваков инцидент во кој жртви се мали деца.

Мајката момченцето го возела на училиште во Оринџ, педесетина километри југозападно од Лос Анџелес, кога нагло закочил автомобил кој ја претекнал. По кусата препирка, лице од другиот автомобил отворило оган кон автомобилот и мајката и го застрелало детето.

„Рече дека го боли стомакот“, раскажала неговата сестра за локалната телевизиска станица Fox 11. Мајката во паника го запрела автомобилот и видела дека момченцето крвари. Детето било префрлено во болница каде што им подлегнало на повредите.

Полицијата трага по двете лица од другиот автомоби.

„Ова е изолиран случај на насилство на патиштата“, тврди Флорентино Оливера, сообраќаен полицаец од Калифорнија за веникот The Los Angeles Times.

Меѓутоа, претходно седмицава во Минеаполис загина шестгодишно девојче застрелено во главата додека се возело во автомобил, за што нема никој осомничен и уапсен. Во вторникот во Вашингтон од огнено оружје ранети се жена и нејзиното петгодишно синче, откако замолиле еден маж на електричен ромобил да забави. За среќа, и двајцата преживеаја.

Од почетокот на годинава 119 деца помлади од 11 години се убиени а уште 274 се ранети во САД, според интернет ресурсот Gun Violence Archive.