Шестгодишно момченце е приведено во градот Њупорт-Њуз, во американската сојузна држава Вирџинија, будејќи пукало во основно училиште и ја ранило наставничката пренесе телевизијата CNN повикувајќи се на полицискиот началник Стив Дру.
„Станува збор за шестгодишен ученик. Во моментов тој е во притвор“, изјави Дру.
Началникот додаде дека „не станува збор за случаен истрел“. Дру истакна дека се шестгодишникот влегол во расправија со триесетгодишната наставничката.
„Ќе спроведеме истрага, има прашања коишто сакаме да ги поставиме и да добиеме одговор на нив. Сакаме да дознаеме од каде дошло тоа огнено оружје, каква била ситуацијата“, рече Дру.
Полицискиот началник, наставничката е во критична состојба и „нејзините повреди се сметаат опасни по животот“. Нејзината состојба малку се подобрила до доцна попладне, рече началникот на полицијата на Њупорт Њуз, Стив Дру.
Претходно американските аналитичари објавија дека од почетокот на 2023 година, повеќе од 130 луѓе ги загубиле животите во инциденти со огнено оружје ширум САД.
Њупорт Њуз е град со околу 185.000 жители во југоисточна Вирџинија, познат по своето бродоградилиште во кое се градат носачите на авиони на нацијата и други бродови за американската воена морнарица.