-3.2 C
Skopje
понеделник, јануари 6, 2025

Шести протест против поскапување на струјата во Тетово

Шести пат по ред во Тетово се организираат протести во знак на незадоволство од зголемувањето на цената на електричната енергија. Тетовчани со блокади на сообраќајот на градските улици и булевари од страна на иницијативата „Доста е“ го изразија својот револт од поскпувањето.

На три места од 18 часот членови на иницијативата и граѓани блокираа три крстосници-кружниот тек кај Монопол, кружниот тек на булеварите Илиден и Видео Смилевски-Бато (кон Гостивар) и кружниот тек кај стадионот. Блокадите траеја 45 минути.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании, посочија од организацискиот одбор.