Од вечерва, Реал Мадрид е рекордер во уште едно натпреварување на УЕФА, покрај Лигата на шампионите.
Првпат во историјата, „кралскиот клуб“ има најмногу пехари во Суперкупот бидејќи денеска по шести пат триумфираше откако во Варшава ја совлада Аталанта со 2-0. Мечот многу наликуваше на финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд со таа разлика што Аталанта вечерва немаше многу изгледни шанси, но сепак го сочува својот гол.
Освен тоа што Реал од вечерва е рекордер по бројот на трофеи во Суперкупот, истото се однесува и за Карло Анчелоти кој има пет триумфи во ова натпреварување со што го помина Пеп Гвардиола.