Хеликоптер на пакистанската армија кој бил ангажиран во операцијата за помош во поплавите во провинцијата Балучистан, го изгубил контактот со контролата на воздухопловниот сообраќа, а меѓу шестмината исчезнати е и еден највисоките воени команданти, потврди пакистанската војска.
Околностите за исчезнувањето на леталото од радарските екрани не се соопштени.
Во соопштението ноќта кон вторникот се наведува дека меѓу екипажот бил и командантот на 12-от корпус кој ги надгледувал операциите за помош по поплавите во Балучистан.
Споменатиот командант, генерал-полковникот Сафраз Али, е највисок воен функционер во регионот и еден од највисоките офицери во пакистанската армија.
„Локалната полиција, војската и службите за итни ситуација трагаат по хеликоптерот“, изјавил локален полициски службеник.
Премиерот Шехбаз Шариф, кој во понеделникот ја посети погодената провинција за да ги следи операциите, го опиша инцидентот со генерал-полковникот Али како „алармантен“.
Поплавите предизвикани од монсунските дождови однеле најмалку 478 човечки животи од средината на јуни само во Балучистант, според пакистанските власти.