Шестмина повредени, од кои две деца, во сообраќајка кај Мавровска раскрсница

Шест лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која во понеделникот околу 14,50 часот се случила на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во несреќата учествувале автомобил „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 50-годипшниот В.М.  од Свети Николе и автомобил „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот И.Р. од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М. на 37 години и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р. на 43-годишпна возраст, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.