Во четвртокот околу 15.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-2243 кај село Миследожда, струшко, се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата учествувале автомобил „фолксваген венто“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.П. на 46 години од Струга и товарно моторно возило „рено канго“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот А.Р. од Струга.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачкот Д.П., 51- годишниот Н.Ш.(, сопатник во возилото „венто“ и Л.М., сопатник во товарното возило, додека со телесни повреди се здобил возачот А.Р. и сопатниците од возилото „венто“, М.Ш. на 36 и А.П. на 44 години, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.