5.8 C
Skopje
четврток, јануари 9, 2025

Шестмина приведени во вчерашната акција, при што беа запленети 200 килограми марихуана

200 килограми марихуана во вредност од околу 600 илјади евра била заплената во Македонија, а влегла преку Косово.

Шест луѓе се лишени од слобода по потекло од Македонија и Косово. Акцијата ја спровело Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога. Акцијата се одвивала вечра на автопатот „Пријателство“ кога од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „опел зафира“ од Скопје, а го возило И.П 51 годишен маж.

Во возилото биле пронајдени куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана.

Во консултација со Јавен обвинител, по добиена наредба од страна на Судија на претходна постапка на Основен кривичен суд Скопје акцијата продолжила и во домот на Б.Р., при што биле пронајдени торба со 29 пакувања со марихуана, ќеса со марихуана, фантомка, дигитална вага и 11 куршуми, додека при извршен претрес во домот кај Е.А. пронајдени се еден сигнален пиштол марка „Екол“ 9мм со празна рамка, како и еден пиштол „Црвена застава“ 9 мм со една рамка со 10 куршуми за него, додека во куќниот двор било пронајдено патничко возило „БМВ“ донесено од.Косово без соодветна документација, при што од страна на Царинската управа е одземено за понатамошна проверка.