
Шестнаесет лица починаа од свински грип за време на зимската сезона, соопшти турското Министерство за здравство.
Од извршените над три илјади тестови на 170 е потврдено присуство на вирусот Х1Н1, а до денеска се регистрирани 16 смртни случаи, се наведува во соопштението на министерството.
Сезоната на грипови продлжува до крајот на април, но зголемување на заболени е нешто нормално и во Турција не постои опасност од епидемија на грип, нагласи професор Ејуп Гумјаш, раководен службеник на турското министерство за здравство.